Атрактивните навивачки на Бразил полека започнаа да ја “заземаат” Москва, на еден ден пред мечот на нивната селекција против Србија во рамките на третото коло од групата Е на Светското првенство – пишува српски “Телеграф”.
Tие немаат дилеми околу победникот на мечот и се убедени во триумф на Бразил. Една од нив дури се обидела и да провоцира, пренесува порталот.
“Омилен играч ми е Кутињо и нашата селекција ќе победи. Не знам ниту еден српски фудбалер, затоа што малкумина имаат слушнато за Србија. Но, имам слушнато за Дуа Липа”, рекла една од Бразилките.