Сите туристи кои ќе ги посетат Девиствените острови ќе добијат 300 долари за подарок, одлучиле локалните власти,
Причината за тоа е одбележувањето на 100 години откако островите станале дел на САД, односно откако биле купени од Данска за 25 милиони долари во злато.
Туристите го обожаваат овој карипски рај на земјата, но сега имаат уште една причина да летуваат баш таму.
Единствен услов е на островот да поминете повеќе од 3 дена, а терминот за посета на островот треба да се резервира пред 1 октомври 2017 година, пишува Bright side.
Ф.Г.