Ракометниот клуб Прилеп ги продолжи договорите со двајца свои ракометари!
После неколкуте засилувања кои ги доби Прилеп, денес нови договори потпишаа двајца ракометари кои имаа голема улога за влезот на Прилеп во Супер Лигата.
Станува збор за левото крило Христи Бикоски и десното крило Алија Амзоски кои се обврзаа на 2 годишна соработка со Прилеп.
Му посакуваме многу успеси со Ракометниот клуб Прилеп и долгорочна соработка.