По десетти пат православните храмови од Прилеп приредуваат хуманитарна акција за сите загрозени семејства од градот.
Црква Св. Благовештение (Стара црква)
“Благочестиви православни христијани. По повод празникот-патрон на град Прилеп Св. Николај Мирликијски Чудотворец и сите Божиќни празници, во православните храмови во Прилеп се организира по 10-тти пат традиционална хуманитарна акција за социјално загрозените православни семејства во Прилеп.
Црква Св. Преображение
По тој повод ве покануваме да ги посетите православните храмови во предстојните празници и секој според своите можности да го даде свој доброволен прилог, во посебно означени(црвени)кутии.
А за празникот на Св. Николај Чудотворец (19-12-2018г.) од 08ч.до 14ч. ќе се продаваат црковни свеќи пред параклисот во центарот на градот и средствата ќе бидат наменети за истата цел.
Параклис посветен на Св. Никола во центарот на Прилеп
Со ова го следиме примерот и грижата на нашиот патрон Св. Николај, која ја покажувал врз сите луѓе. Ви ги честитаме предстојните Божиќни празници, ве покануваме на Светите Богослужби и ви посакуваме новородениот Божји Младенец да се роди во срцето на секоја добронамерна и хумана личност”, пишуваат од црквата Свето Благовештение од Прилеп.
Црква Св. Димитрија во населбата Варош
Црква Св. Кирил и Методиј
Црква Св. Константин и Елена
Црква Св. Петка во населбата Точила
Црква Св. Пантелејмон во дворот на градската болница
Црква Св. Никола во населбата Варош