Секоја чест! Прилепчанец го наполнил своето возило и однесе помош во прилепската болница

Секој ваков потег е за поздравување и секое вакво дело вреди да се сподели со цел да ги поттикне сите граѓани кои се во можност да помогнат.

-Горан Димоски едноставно дојде со своето возило и донесе свежо овошје, вода и други производи, кои секако добро му дојдоа на болните во нашата болница после пладневниот ручек. Ние сме благодарни на вакви млади луѓе, кои не зборуваат, туку едноставно само мислат како да помогнат, и тоа од срце го прават, напишаа од прилепската болница на Фејсбук.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.