Секоја чест: Лозари Исток си добија свое пиво за своето 30-годишно постоење

“Лозари Исток“ од Кавадарци е една од најдобрите и најинвентивните навивачки групи во Македонија, а и пошироко во регионот, со сериозен број на членови и тим за почит.

Познати помеѓу спортските фанови, успесите и победите на „Лозари Исток“ се речиси секојдневие.

Годинава, тие слават 30 години постоење! Повод нивното долгогодишно функционирање, а и како благодарност за несебичната поддршка и посветеност на сите натпревари, Компанијата Кожувчанка, во име на цел регион, им оддава почит!

“Создадовме специјален, лимитиран дизајн на лименка на нашиот бренд Наше Македонско пиво. Ова е гест од нашата Компанија за сите наши сограѓани од “Лозари Исток”, навивачи на трибините на кавадаречките екипи. Нашиот тим им посакува уште многу години успеси и победи, и на здравје со Наше Македонско пиво!” – велат од Кожувчанка ДОО.

А “Лозари Исток” остануваат на натпреварите и трибините секогаш со љубов, верност и песна посветена кон кавадаречките спортски колективи. Ајдуци, Ретки билки, Лозари, Ултра Кру, Ултра Дринкерс, 12 Бригада, Наш’то маало и останати – Среќен роденден дечки, се гледаме на истокот!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.