Секоја чест! Двајца полициски службеници од Прилеп на велосипеди се упатија до манастирот Св. Василиј Острошки (ФОТО)

Како долгогодишни спортисти, а веќе неколку години и рекреативни велосипедисти, полициските службеници при ОВР Прилеп и припадници на Посебната единица на полицијата (ПЕП), Драган Илиоски и Филип Спиркоски, се упатија на долга велосипедска тура до манастирот Св. Василиј Острошки во Црна Гора.

Двајцата колеги досега често организираа интересни тури во околината на Прилеп и Битола, како и подолги релации низ Македонија, а ова им е прв пат да се упатат на толку далечна дестинација.

-За нас ова е многу значаен подвиг, пред се поради долгите километри кои треба да ги поминеме до крајната цел, но и да упатиме порака до сите, а посебно до младите, дека се’ што посакуваат во животот може да им се исполни доколку имаат желба и вложат труд за остварување на целта. Секако, сето тоа е возможно со силна верба во Бог, кој патот секогаш го прави полесен. Благодарност до сите пријатели и спонзори кои помогнаа да се реализира овој наш подвиг – порачаа двајцата колеги за Маркукуле.

Нам ни останува да им посакаме среќа. Нека патот до манастирот Св. Василиј Острошки им биде лесен, без предизвици, безбедно да пристигнат, а потоа и безбедно да се вратат во Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.