Секогаш најдобри во карате, гимназијалците растурија на Државното првенство

karatistki-nagradi-2016

На 18.03.2016г. (петок) во Прилеп се одржа Државното првенство во карате за основни и средни училишта, во машка и женска конкуренција.

За прв пат оваа година, за средни училишта, во натпреварувачкиот дел се воведоа и борби.

На првенството учествуваа 300 натпреварувачи,  како и Гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп учествуваше со 9 натпреварувачи во машка и женска конкуренција, во кати и борби.

Гимназијата „Мирче Ацев“- Прилеп на ова натпреварување освои 7 места во машка и женска конкуренција во различни категории и со тоа по петти пат стана најтрофејно средно училиште во Македонија.

Учесници од Гимназија и освоени места се:

  • Димоска Мишела – I место – кати,
  • Димоска Маријана – II место – кати,
  • Ристески Дамјан – III место – кати,
  • Тодороски Огнен – III место – кати,
  • Димеска Лина – III место – кати,
  • Талеска Матеја – II место – кати,
  • Гокчев Андреј – II место – борби,

Одговорен (ментор) на  гимназискаta карате екипа е професорот по спорт Орде Цветаноски.

Што се однесува до натпреварите во карате во нашава држава, ученичките од гимназијата “Мирче Ацев”, Маријана и Мишела се најтрофејни во овој спорт веќе подолго време.

karate-vo-turcija-2016

Еве ги нивните маѓународни успеси последниве две години:

2016 – Балканско првенство за сениори (во Турција) – освоено I место – ката тим
2016 – Европско првенство за јуниори (во Кипар) – освоено III место – ката тим
2015 – Светско првенство за јуниори (во Индонезија) – освоено II место – ката тим
2015 – Балканско првенствално за јуниори (во Хрватска)– освоено I место – ката тим

Маријана Димовска, индивидуално, освоено I место

Мишела Димовска, индивидуално, освоено II место

karate-prvaci-2015




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.