Летната сезона во Охрид е во полн ек.
Гости од странство нема, но затоа врие од гости од сите краишта на Македонија.
Младите традиционално до последно место го имаат исполнето Градиште.
На плажите во Градиште нема место каде крпа да се постави, а на секој угостителски објект стојат напишани препораките за држење дистанца, дезинфицирање на рацете и носење заштитни маски.
Да се надеваме дека оваа гужва нема да се одрази со нови зapaзени со kopoнавирус.