Болничарка вработена во акушерско-гинеколошкото одделение во Прилеп инфицирала уште шест свои колеги со кои што работела, други болничарки и медицински сестри, пренесува новинската агенција МЕТА.
Вработената ги криела симптомите и продолжила да оди на работа, пишува МЕТА. По нејзина xocпитализација, извршено е тестирање и потврдено дека уште 6 други вработени се позитивни на Koвид-19.
Во текот на вчерашниот ден имаше 5 нови случаи на Koвид-19 од Прилеп, а бројот на зapaзени константно се зголемува.
Вкупната бројка на koвид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 6080, бројката на оздравени пациенти е 2315, на починати е 286, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3479.