Седница на Советот на општина Прилеп: Донесени одлуки за давање стоматолошка опрема на училишта и минибуси во трајно користење на ЈП за ПУП

Советот на Општина Прилеп на својата 68. седница разгледа и усвои повеќе извештаи, програми и одлуки од интерес за граѓаните.

Со мнозинство гласови беа усвоени годишните извештаи за работа за учебната 2024/2025 година и програмите за работа за учебната 2025/2026 година на училиштата ООУ „Добре Јованоски“, СОЕПТУ „Кузман Јосифоски – Питу“, СОУ „Ѓорче Петров“, и СОУ „Ристе Ристески – Ричко“. Советот ги донесе и одлуките за формирање на паралелки со помал број ученици во прва година во некои средни училишта за учебната 2025/2026 година.

На оваа седница се донесе една измена и дополнување на Одлуката за трајно користење на движни ствари (минибуси) на ЈП за ПУП Прилеп и Предлог Одлука за давање на трајно користење ствари (стоматолошка опрема) на ООУ „Климент Охридски“, ООУ „Кочо Рацин“, ООУ „Рампо Левката“ и ЈОУДГ „Наша иднина“.

Советниците едногласно ја усвоија и одлуката за ослободување од партиципација во ЈОУДГ „Наша иднина“ на 20 деца Роми од социјален ризик на возраст од три до шест години за учебната 2025/2026 година. Оваа мерка е дел од проектот „Инклузија на деца Роми во предучилишна возраст во ЈОУДГ ‘Наша иднина’ – Прилеп“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.