Старо-нов тренер на македонскиот првак Шкупи ќе биде Гоце Седлоски. Откако со клубот не успеа да избори место во европските натпреварувања, а запиша и реми со Победа во ПМФЛ, стручњакот реши да си поднесе оставка која му беше прифатена
Но, и после оставката на Седлоски проблемите во клубот продолжија, па така Шкупи забележа два порази во дуелите со Тиквеш и Брегалница. Поради тоа Шкупи се одлучи да го врати стратегот од Прилеп на челната позиција.
„Гоце Седлоски се врати!
Драги фанови, сакаме да ве информираме дека прв тренер на Шкупи ќе биде Седлоски, додека за прв асистент е поставена клупската легенда Арбен Нухиу. Заедно со нив, на позицијата претседател се враќа Суат Алија“, стои во соопштението.