СЕАД КОЧАН ДОБИ ШЕСТ ГОДИНИ ЗАТВОР: Изречени пресудите за случајот „Труст“

Основниот суд Скопје 1 Скопје денес ги изрече пресудите во случајот „Труст“.

Бизнисменот Сеад Кочан доби шест години затвор и забрана во времетраење од три години да биде управител и одговорно лице, додека Василије Авировиќ доби затворска казна од три години

Судијката Лидија Трајковска Зимбовска додаде дека фирмите „Силекс Неметали“ и „Трансмет“ одговорни за кривичното дело треба да платат 2 милиони денари, кои треба да ги платат во рок од 30 дена од правосилност.

Третиот обвинет, Сафет Ватиќ во случајот беше ослободен.

Специјалното јавно обвинителство нема да бара притвор за бизнисменот Сеад Кочан, откако денеска му беше досудена затворска казна од шест години истакна обвинителот Гаврил Бубевски, пренесе “Фокус”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.