СДСМ Прилеп во групи без да ги почитува препораките дели пакети со храна на граѓани (ФОТО)

СДСМ Прилеп деновиве почна акција за делење на пакети со продукти на како што рекоа социјално загрозени семејства.

Акцијата трае веќе трет ден, а денеска на социјалните мрежи се проширија фотографии на кои се гледа дека активисти на партијата заедно со дел од директорите, се собрани пред партискиот штаб сместен во зградите кај мостот Табана.

Ова значи дека СДСМ Прилеп не ги почитува препораките на Владата и општината за заштита на здравјето на граѓаните.

Во акцијата се вклучени и кандидатите за пратеници од СДСМ Прилеп, претседателот на општинската организација, Миле Талески и претседателот на СДММ, Александар Ѓорѓиоски, a на фотографиите го има и директорот на детските градинки “Наша иднина”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.