СДСМ пред споменикот на Гоце Делчев
Партиска делегација на СДСМ во состав Дејан Павлевски претседател на Комсија за локална самоуправа на СДСМ, Снежана Калеска Ванчева, координаторка на Форумот на жени на СДСМ и Ивана Трајкова од СДММ, денеска, положи цвеќе пред ишараниот споменик на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје и на неговото почивалиште во црквата Св. Спас.
Јавноста бурно реагира на социјалните мрежи за изгледот на споменикот на Делчев во Градскиот парк, кој целосно е нагрден, а никој ништо не презема за истиот да биде исчистен.
Граѓаните коментираат: “Го заслужуваме ли воопшто Гоце Делчев?”.
Цвеќе денеска пред гpoбот на Делчев положи и вицепремиерката и министер за одбрана, Радмила Шекеринска, но откако се обиде да даде изјава пред медиумите, беше прекината од поголема група граѓани кои скандираа: “Никогаш Северна, само Македонија”.