“СДСМ од почетокот на јули одлагаа да соопштат- чекаа да поминат изборите, па да ја покапат струjaта”

СДСМ преку РКЕ удира по џебот на граѓаните, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, од каде велат дека СДСМ чекаа да поминат изборите, па да ја донесат одлуката за поскапувањето на електричната енергија, која ја одлагаа од почетокот на јули.

“СДСМ уште пред изборите тргнаа со умисла да го ограбуваат народот.Во цела Европа цената на струјата се намалува, само во Македонија со Заев се зголемува.

За жал наместо РКЕ да се грижи сите играчи на пазарот да бидат заштитени и рамноправни меѓу себе, како што стои во Законот за енергетика, таа се грижи само за профитот на енергетските компании”, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека ова резултираше со незадоволство кај граѓаните.

“Револтот е јасен во време на корона криза, економски колапс во најава, зголемено задолжување и осиромашување на народот, оваа одлука е само капак на сите промашувања во енергетскиот сектор го направи власта на Заев. Затоа на самопрогласените „шампиони“ во енергетиката им порачуваме: Енергетиката не се гради преку ноќ, но може лесно да се уништи преку ноќ, а за жал РКЕ и СДСМ се „експерти“ во уништување!, велат од ВМРО-ДПМНЕ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.