СДСМ загубиле мнозинство во уште еден совет – сменет претседателот на советот во оваа општина

СДСМ благодарение на своите методи на дејстување и уценување успеа да загуби власт во уште една општина.

Имено пред четири месеци независните советници од Македонски Брод му откажаа доверба на градоначалникот Жарко Силјаноски и се приклучија кон советничката група на ВМРО-ДПМНЕ што им овозможи да го променат претседателот на советот на општината.

По несогалсувањата со начинот на работата на градоначалникот, независните советници одлучиле дека за доброто на општината и во интерес на граѓаните на Македонски Брод, најдобро е да воспостават соработка со советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Пулените на СДСМ од овој регион, особено пратеничката Анета Симеска заедно со градоначалникот Силјаноски со закани и притисоци се обиделе да ја одржат послушноста на советниците, но овие останале истрајни и не потклекнале на притисоците.

Симеска и Силјаноски им претеле со откази на нивните најблиски и сите оние до кои директно или индиректно можеле да влијаат, но независните претставници во советот не потклекнале, напротив добиле мотив за уште поголема борба, по што и следувала промената на претседателот на советот кој бил од СДСМ. Покрај тоа тие успеале да ги разрешат партиските послушници назначени во управни и надзорни одбори во јавните претпријатија на општина.

Извор: “Инфомакс”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.