Синоќа, пред македонската амбасада во Белград, повеќе граѓани запалиле свеќи за мир во Македонија, пишува српскиот портал Правда.
Пораката на овој чин е дека на Македонија и е потребен мир, а граѓаните биле загрижени дека случувањата во Скопје можат да допринесат до поголеми судири на целиот Балкан.
Српските граѓани, според порталот, со овој симболичен чин сакаат да ја разбудат јавноста и да укажат на опасноста која демне. Собирот бил во организација на Асоцијацијата за српски интернет медиуми.
А.Г.