Во касарната „Страшо Пинџур” во Петровец денеска ќе се одржи свеченост по повод Денот на 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр). Ќе биде прогласена најдобра единица од составот на бригадата и доделени стимулативни мерки за постигнати резултати на припадници на 1.мпбр. Свеченоста ќе заврши со дефиле на единиците.
Најавено е присуство на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски, државниот секретар во МО на РМ Елизабета Чуповска Ристова, заменикот на НГШ на АРМ генерал-мајор Мухамет Рацај, командантот на Здружената оперативна команда генерал-мајор Васко Ѓурчиновски и други претставници од МО и ГШ на АРМ, поранешни команданти на бригадата, пензионирани генерали, командантите на потчинетите команди и единици на ГШ на АРМ, претставници од локалната самоуправа …
Со одлука на Претседателот на Република Македонија за определување денови на единиците на АРМ, за Ден на 1. мпбр е одреден 2-ри април, датум на кој овааа единица е трансформирана согласно новата организациско-формациска структура на АРМ. Со достигнувањето на оперативната готовност, 1.мпбр ги презеде задачите и одговорностите на двете поранешни бригади, со што стана најголемата борбена единица во АРМ, во чии редови се наоѓаат припадници на АРМ од повеќе родови.