Свечена заклетва даде 27-та генерација војници на доброволно служење во АРМ

vojnici

Во кругот на касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ во Велес денеска свечена заклетва даде 27-та генерација војници на доброволно служење во АРМ.

Свечено дадената заклетва им ја честита и им посака успешна обука заменик командантот на Командата за обука и доктрини, полковник Љубенчо Петровски.

– Давањето заклетва е чин достоен на храбрите и оние кои се спремни ако затреба да го жртвуваат и својот живот. Вие како и многу генерации пред вас, пред државното знаме на Република Македонија и пред вашите старешини, родители, роднини и пријатели денеска на свечен и достоинствен начин се заколнавте дека ќе ги извршувате обврските и должностите како бранители на најсветото, на суверенитетот на својата татковина Р.Македонија, потенцира полковник Љубенчо Петровски.

Инаку, младите војници од оваа 27. генерација, вкупно 139, а меѓу кои 14 девојки во наредните три месеци во Центарот за индивидуална обука ЦИО во велешката касарна ќе ја изведуваат основната воена обука. Тие потоа можат да конкурираат на еден од конкурсите за професионални војници во редовите на АРМ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.