Светско, а наше: Прилепчанецот Мартин Јованоски го освои Светскиот Куп во параглајдинг во Турција (Видео)

Прилепскиот параглајдерист Мартин Јованоски, го освои првото место на Светскиот куп во Aксарај, Турција, кој се одржуваше од 4-11 септември, и со тоа на маестрален начин ја претстави Македонија и својот град.

Јованоски оствари 3.716 поени, а зад себе го остави Глеб Сукџоткиј.

“Сигурни сме дека луѓето во Македонија кои го следеа последниот ден од Купот, буквално не дишеа така да кажеме последните 10 минути од трката, во исчекување на резултатите од Купот” – стои на официјалната страна на Светскиот Куп.

Јовановски е дел од македонската репрезентација што треба да настапи на Светското првенство во Аргентина (31 октомври-13 ноември), но само ако националниот тим успее да најде пари за долгиот пат и престојот во оваа јужноамериканска земја. Проценките се дека им требаат околу 10.000 евра, а колку се очајни нашите најдобри параглајдеристи, покажува и фактот што парите ги бараат и преку донации на интернет.

Четворица Македонци, меѓу кои еден прилепчанец, бараат донации за да ја претставуваат Македонија на Светско првенство




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.