Eпизодата “Маша и каша” на рускиот анимиран серијал “Маша и медо” стана единственото анимирано видео со повеќе од четири милијарди прегледи на “јутјуб”.
Со рекордот се пофали компанијата “Аnimakord”, која ги има авторските права за овој анимиран серијал.
Рускиот анимиран серијал е популарен во целиот свет – од Европа до Латинска Америка, Азија и арапските земји и не престанува да ги соборува рекордите. Епизодата “Маша и каша” сега се наоѓа помеѓу 10-те најгледани видеа на “Јутјуб”.
Од јануари 2019 година оваа епизода на се наоѓа и во “Гинисовата книга на рекорди”.