Нејмар му порачал на ПСЖ дека повеќе не планира да игра за францускиот клуб, бидејќи сака да се врати во Барселона. Меѓутоа, ситуацијата со Бразилецот ја следат и други клубови.
Gol.com пишува дека Јувентус планира на ПСЖ да му ги понуди услугите на Паоло Дибала и Блес Матуиди плус пари.
ПСЖ ја проценува вредноста на Најмар на 250 милиони евра, што е за 28 милиони повеќе од сумата за која го купија пред две години од Барселона, во најголемиот трансфер во историјата на фудбалот.
Пред неколку дена, шпанскиот весник “Мундо Депортиво” и италијанскиот “Раи” објавија дека таткото на Нејмар стигнал во Торино на преговори со Јувентус.