16-ти октомври – Светски ден против гладта
Под раководство на наставничката Моника Трајкоска, а во соработка со Црвениот Крст од Прилеп, училиштето ООУ ,,Добре Јованоски” зеде учество во хуманитарната акција за помош на ранливи групи на семејства и луѓе кои имаат недостаток од храна. Беше спроведена акција во времетраење од два дена, во која учениците уште еднаш го разбудија хуманиот инстинкт кај нив и донираа парични средства и прехрамбени производи. Акцијата завржи со успешен резултат и постигната цел!