Денес е Светскиот ден на спортот, здравјето и мирот, па нема подобар начин за одбележување на ваков убав ден со признание на нашите спортисти – се пофалија од ООУ “Кире Гаврилоски – Jaне” од Прилеп.
-Денес нашите одбојкарки со нивниот наставник Благојче Илијески го посетија нашиот директор Влатко Кузманоски. Од страна на Министерството за образование и наука, Федерацијата на млади и спорт на Македонија и Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија, му беа доделени дипломи за освоеното ВТОРО место на регионалното првенство. За ваквиот успех нашите ученици беа наградени со книги кои им ги додели директорот, со цел да имаат поголема мотивација за уште поголеми успеси во иднина! Честитки наши успешни ученици и ментори! Ваквите успеси се гордост за нашето училиште – информираат од училиштето.