Сведоштво на медицинска сестра од Прилеп: Среде пандемиja пapтиjaта одлyчyва кој ќе се вработи во болницата? (Видео)

„Јас сум виша медицинска сестра со повеќегодишно искуство во струката, не само дома, туку и во странство, но, ете, никако не можам да дојдам до работно место и покрај многубројните досегашни апликации, како во прилепската Болница, така и во здравствените установи во соседните градови, иако сум била во првите десет на ранг-листата. Вака ја започнува својата приказна, една крајно разочарана, но и многу револтирана прилепчанка, која сакаше да остане анонимна, плашејќи се од последиците. Таа тврди дека и среде ваква пандемска експлозија, наместо според знаењето и стручноста, медицинскиот персонал, се ангжирал според партиски клуч – oбјави “АЛФА ТВ”

„Не знам дали воопшто повторно треба да се јавам и да прашам, затоа што добив одговор – жалам, сето оди преку партија. Обиди се да те стават на листата од партијата, на списокот од партијата… На претходното интервју кое траеше едвај дваесет секунди, директорот отворено ни кажа – право на директорот е да ги одбере кандидатите кои ќе бидат примени“, – вели соговорничката на “Алфа”.

Нашата соговорничка, вели дека летоска била ангажирана во еден од Ковид – одделите. Но само на месец и половина, по што и покрај пофалните зборови од надлежните за нејзината стручност, ангжаманот, кој инаку бил без договор, не и бил продолжен, што дополнително ја разочарало.

„Јас искрено се обидов на повеќе начини, преку пријатели, преку врски, како што прават сите – да бидам повикана. Меѓутоа, не успеав во тоа, од кои причини – не знам. Ми беше дадено до знење дека сето оди преку партија. Дека од партијата им се јавуваат и ги праќаат медицинските сестри.“, објаснува оваа млада виша медицинска сестра.

Ова не е прв пат да има јавни поплаки дека во прилепската Болница и покрај алармантниот недостиг од медицински пероснал, се вработуваат само партиски подобни лица, честопати и недоволно стручни. Неодмана на социјалните мрежи излезе и тонски-запис од разговор помеѓу извесна кандидатка со искуство и влијателна медицинска сестра, а која пак, е главниот филтер за изборот на кадрите.

„Да си се преслушаш денеска и утре да ми се јавиш. Јас ќе ти кажам што одлучиле сите фактори, бидејќи кај тебе случајот е специфичен, не можам сама да одлучам, ќе се консултирам со сите, со Богоески и со Партијата. Морам да прашам.“, – вели во телефонската снимка главната медицинска сестра.

Актуелната директорка на Болницата пак, Кети Смилеска, за Алфа ги демантираше сите овие наводи. Според неа, во Болницата немало партиски врботувања.

Каролина Дурло за “АЛФА ТВ”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.