Семејството Цветаноски од Прилеп се среќните добитници на првата награда или вредносен ваучер од 100.000 денари, од второто коло од наградната игра на ЕВН Македонија „Награди за штедлив дом“. Срeќата им се насмевна само една недела пред свадбата на нивниот син, со што дилемите за свадбен подарок со помош на ЕВН се решени.
Претставник од ЕВН заѕвони на вратата и ми соопшти дека сме добитници на вредносен ваучер,ја почнува Наде Цветаноска од Прилеп својата приказна за денот кога дозна дека нејзиното семејство е добитник на вредносен ваучер од 100.000 денари од наградната игра на ЕВН.
Среќата е голема и верувам дека рационално ќе го искористиме ваучерот и ќе одбереме енергетски ефикасни апарати, сé што му треба на еден млад брачен пар да го опреми својот дом“, вели Нада. Им препорачувам на сите да ги ажурираат податоците и редовно да ги плаќаат сметките кон ЕВН, зошто шансите за добивка за сите се еднакви, додава Наде.
Извлекувањата на наградите се реализираат во емисијата „На гости кај“, секој понеделник од 20.15 на МТВ и секој вторник од 23.25 на Алсат ТВ.
До сега се реализирани извлекувања од девет кола и доделени се над 210 награди.
Во наградната игра право на учество имаат потрошувачи од категоријата Домаќинства и Мали бизнис корисници со ажурирани податоци во базата на ЕВН, кои секоја недела можат да бидат добитници на вредносен ваучер од 100.000 или 30.000 денари, наменет за купување на апарати за домаќинство или сет за енергетска ефикасност.
Ажурирањето на податоците се прави со пополнување на формулар за ажурирање на личните податоци достапен на веб-страната evn.mk, пополнување на формулар во кој било наплатен пункт или приемна канцеларија на ЕВН Македонија или пополнување на формуларот што ќе пристигне со фактурите за електрична енергија.
За повеќе податоци околу наградната игра, извештаите за наградите и најлесниот пат за ажурирање на податоците на следниот линк: evn.mk.