Оптички илузии и загатки се најдобрата работа за да го вежбата мозокот и да ја разбиете секојдневната монотонија.
Оваа загатка гласи: Принцезата останала заклучена во кулата. За да избега од лошата вештерка мора да помине низ четвртата врата, но постојат само три излези. Каде е излезот?
Конфузијата е во тоа што нема четврта врата. Добро погледнете ја илустрацијата и обидете се да најдете решение.
РЕШЕНИЕ:
Финтата е во симболите. Секој симбол претставува два споени броеви. Па така, вратата од лева страна има две четворки, во средина две единици, а вратата од десна страна исто така има две двојки.
Вратата која ја бара принцезата е првата од лева страна бидејќи на неа се споени две четворки, односно „четврта врата“.