Секој уживал во убавините на природата шетајќи низ шума барем еднаш во животот. Тоа е причината поради која некои луѓе одбираат да живеат во или покрај шума. Тоа е причината и поради која голем број луѓе поминуваат стотици и илјадници километри за да отидат во некоја далечна дивина или на пример во прашумите во Бразил и Еквадор.
Меѓутоа, научниците од Јапонија откриваат дека традицијата која се нарекува “Шинри-иоку” или “капење во шума” и понатаму е популарна, а причините за тоа се од биохемиска природа.
Всушност, истражувачите воочиле дека престојувањето во шума го поправа природниот имунитет, кој е важен за спречување на рак и други канцерогени заболувања.
Како се доаѓа до тоа?
Кога научниците тестирале луѓе пред и после двочасовно шетање низ шума, кај сите луше пронашле 50% и повеќе Т-зрнца. Имале намален крвен притисок, чувствувале смиреност како и разбистрување во главата.
Шумските дрвја и билките емитираат во околината “антимикробни испарливи органски соединенија на растителни деривати, наречени фитонциди, за истребување на габи и бактерии”. Габите и бактериите можат да бидат проблем за нашиот имунолошки систем и излегува дека дрвјата не ги сакаат ниту нив.
Шумските стебла се често пати стотина години стари. Дрвјата и другите билки, усовршиле заштита, односно споеви кои можат да ги убијат габите и бактериите. Кога се движите низ шума, вашиот здив се соединува со овие компоненти. Влијанието врз здравјето трае околу 2 месеци.
Да речеме, кога се движиме низ шума ние се бањаме во нејзиниот природен имунитет. Влегуваме во “фитохемискиот” имунолошки состав на шумата.