Во Крушево се одржа настанот „Дева“ кој традиционално се празнува на ден пред Бадник, а овогодинешниот настан беше досега најпосетениот.
Црвените ѕвезди и традициналните песни се она што го одбележуваат овој настан, а во градскиот парк во Крушево се одржа и Божиќен базар со традиционални јадења и различни изработки на здружението „Крушевска жена“ и многу граѓани.
Настанот годинава се одржува по 7-ми пат, а е во организација на СОУ „Наум Наумоски – Борче“ и Локалниот Младински Совет со поддршка на Православната црква и Општина Крушево.
Погледнете го прекрасното видео од настанот кое е дело на Зоран Пилоски од “Фан продукција”: