Самка “удри” по хероите пожарникари?

Поранешниот министер без ресор во Владата на Зоран Заев, Самка Ибраимоски, застана во одбрана на скопскиот градоначалник Петре Шилегов во натегањето со пожарникарите за платите.

„Пожарникapите бараат во време на Koвид поголеми плати, а да ве прашам од 365 дена колку дена имате интервенции, а колку дена немате. О.К. е да барате зголемување, но не е времето. Наместо да бидеме трпеливи пандемиjaта на Koвид да пројде, па потоа да се разговара за вашите барања. Сè друго е некоректно“, порача бившиот пратеник од Партијата за целосна еманципација на Ромите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.