Најдобриот во моментов велосипедски клуб од Прилеп – ВК “ХЕРОЈ”, врши упис на нови членови, млади кои сакаат дружење, спорт и здрав живот.
Клубот нуди можности за учество на трки и спортски настани, а доказ дека станува збор за најдобрите е настанот кој на 12.12. се одржа во хотелот “Гардениа” во Велес, каде прилепските велосипедисти беа во најдобрите избрани за 2025година.
Во дисциплината Друмски велосипедизам:
Константин Костоски – ВК Херој – јуниори – 1во место
Влатко Лозаноски – ВК Херој – мастерс – 1во место
Стефан Маџоски – ВК Херој – кадети – 2ро место
Награден велосипедист имаше и во дисциплината планински велосипедизам, каде Стефан Маџоски во категорија на кадети освои второ место.
Прилепскиот клуб “Херој” беше прогласен за најуспешен младински клуб во друмски велосипедизам за 2025та година.



























