Сакате повеќе следбеници на Инстаграм – 5 трикови кои загарантирано ќе ве направат популарни

bnropbnrpon

Ако сте Инста- фанатик, сигурно минимум половина час дневно издвојувате за Инстаграм, мрежата број еден. Со овие трикови ќе се зголеми и бројот на вашите следачи на Инстаграм:
1.Користете го филтерот Mayfair- Иако статистиките покажуваат дека хаштагот #nofilter е најпопуларен хаштаг на Инстаграм, доколку не користите ниеден филтер, тоа негативно ќе се одрази на вашите фотографии. Овој филтер припаѓа во „најблагите“ филтери кои можете да ги користите, а кој ви дава можност минимално да ја „дотерате“ фотографијата, но и просечно носи околу 23 лајкови и коментари.
2. Објавувајте секојдневно- Според истражувањата, корисниците на Инстаграм се закачени на мрежата 24 часа. Тоа значи дека без оглед на времето во кое постирате, вашиот пост ќе биде видлив, а луѓето ќе реагираат исто.
3. Објавувајте видео снимки по работа- За разлика од фотографиите, според истражувањата, видео снимките најмногу се прегледуваат по работното време. Односно, помеѓу 21 часот и 8 часот наутро. Објаснувањето е едноставно, луѓето не сакаат да прават бука на работа.
4. Користете хаштаг- Иако многумина сметаат дека хаштагот е убиец на друштвените мрежи, бројките кажуваат дека тој сепак е значаен. Инстаграмџиите кои имаат повеќе од 1.000 следбеници, просечно постираат 11 хаштагови на една фотографија, што им носи дури 78 лајкови и коментари.
5. Објавувајте во понеделник и петок- Истражувањата покажуваат дека објавите креирани во понеделник и петок имаат најмногу ричови, односно ги гледаат повеќе луѓе.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.