Стотина припадници од ромската популација и денеска на протест во Битола. “Бараме правда” пишува на транспарентите кои беа истакнати пред судот и полицијата, со кои Ромите бараат да им бидат вратени конфискуваните возила, кои поединци од нив ги управувале без возачки дозволи.
До доцна синоќа Ромите од населбата Баир го држеа под блокада патот Прилеп – Ресен, посавувајќи барикади, а имаше дел од нив кои со закани се обратија до надлежните и полицијата, велејќи дека протестите ќе ескалираат.
На овие закани денеска реагираше и премиерот Мицкоски, кој порача дека полицијата жестоко ќе одговори на сите обиди за нарушување на јавниот ред и мир.
Ваквите протести на ромската заедница се случуваа во повеќе градови, а нивните барања за граѓаните се нелогични.
























