Легендарниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ повторно прими смртна закана на социјалните мрежи. Оваа информација со сите ја сподели неговата ќерка и нагласи дека никој не реагирал за ова.
Јелена на Твитер го изрази својот бес за целата ситуација и го сподели статусот на човекот кој тврди дека “потребен е куршум во челото на Балашевиќ”.
-Живееме во држава во која стана нормално да ти се закануваат со смрт и никој ништо да не превземе. Ова е за мојот татко. Тој им е крив – напиша Јелена Балашевиќ.
Ф.Г.