Легендата на Цервена Ѕвезда и Милан, Дејан Савичевиќ говореше за италијанските медиуми пред дуелот меѓу “црвено-белите” со Наполи.
“Не е спорно дека Наполи има подобри играчи. Меѓутоа, ако не поведат во раната фаза од утакмицата, притисокот ќе биде се поголем. Атмосферата ќе биде жешка, а навивачите непријателски расположени”, изјави Савичевиќ.
Црногорецот се обиде да објасни какви се “Делии”, навивачката група на Црвена Ѕвезда.
“Маракана е дванаесеттиот играч на Ѕвезда. Наполитанците ќе мора да имаат силни нерви во таква атмосфера. Трибините ќе бидат полни, навивачите се оптимисти, бидејќи Ѕвезда по долго време е во елитата”, додаде Савичевиќ.