Саботен масовен хепенинг “За заедничка Македонија” во Прилеп

Иницијативата “За заедничка Македонија” денеска организираше голем народен хепенинг на плоштадот “Методија Андонов – Ченто” во Прилеп.

17105617_10210509378402386_1717858892_n

На настанот присуствуваа огромен број граѓани, но и многу млади, кои имаа можност да проследат богата музичка програма.

Настанот имаше за цел да ја разбуди свеста кај граѓаните за припадност кон државата и нацијата.

17140921_10210509379162405_730561213_n

Огромен број неопределени граѓани кои се чувствуваат изиграни од прифаќањето на “албанската платформа” аплаудираа и искажаа поддршка за ваквата иницијатива.

17124682_10210585203777780_1897445046_n

iiii4

Прилепчани изминатите денови покажаа колку си ја сакаат државата, излегувајќи масовно на протестите за зачувување на унитарноста на државата.

Граѓаните и денес и изминатите денови им порачаа на “пазарџиите” со државата, “Нема да ви помине”, “Нема да газите на нашето достоинство”.

17141035_10210509378922399_879047772_n

17141174_10210509380922449_1673275093_n

Изминатите 5 дена, беше гордост да си Македонец и прилепчанец, бидејќи речиси и да  не остана граѓанин кој во 18 часот е дома, не остана човек рамнодушен на заканите кои ја демнат државата, не остана срце кое барем за миг не почувствува грижа за иднината.

17160456_10210509378682393_123948994_n

17160413_10210509379322409_799333383_n

Протестите продолжуваат во понеделник во истиот термин од 18 часот, пред хотел “Липа”.

_DSC3591 (Copy)

_DSC3602 (Copy)

_DSC3605 (Copy)

_DSC3624 (Copy)

_DSC3630 (Copy)

_DSC3636 (Copy)

_DSC3643 (Copy)

_DSC3647 (Copy)

_DSC3649 (Copy)

_DSC3651 (Copy)

_DSC3652 (Copy)

_DSC3653 (Copy)

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.