Рускиот офицер припадник на Специјалните сили кој беше убиен за време на ослободувањето на Палмира од терористите на ИСИС, е 25 годишниот Александар Прокоренко, кој им нареди на воздушните сили да ја гранатираат неговата позиција откако беше откриен од терористите.
Тој беше наречен “Рускиот Рамбо” од страна на интернационалните медиуми за својот акт на хероизам во Сирија.
На 24ти март беше обелоденето дека Руски офицер бил убиен од воздушен напад откако им издал наредби на воздушните сили и им ги кажал координатите за напад на терористите во Палмира, во провинцијата Хомс во Сирија.
Тој им нареди на своите соборци да ги исфрлат ракетите на неговата позиција откако беше откриен и заобиколен од терористите на ИСИС.
Александар Прокоренко беше од селото Gorodkj во Оrenburg регионот во Русија.
“Од неговата фамилија излегоја многу војници, а тој од секогаш сонуваше да служи во воените сили”, раскажува другар на Александар за весникот Komsomolskaya Pravda
Александар имаше жена која ја остави бремена во Русија.
Вистински херој за кого треба да се учи во историјата!
А.Г.