Хеликоптери Ми-17 ќе бидат доставени од Русија во делови, со транспортен авион ноќта помеѓу понеделник и вторник. Во вторник се очекува свечено примопредавање.
„Антонов 124 Руслан“, еден од најголемите транспортни авиони на светот, ќе довезе два транспортни хеликоптери МИ-17 од фабриката во Казан ноќта помеѓу понеделник и вторник. Во вторник наутро ќе биде извршено свеченото примопредавање на леталата, на кое ќе присуствува и српскиот премиер Александар Вучиќ.
Двата хеликоптери кои Србија ги купи од Русија, се први летала кои Србија ги купува во последните 29 години, кога, од тогашниот СССР се купени противподморнички хеликоптери КА-28, кои веќе не се во употреба.
Транспортните хеликоптери кои ги користи Српската војска се уште постари. Хеликоптерите МИ-8, кои сеуште се во употреба се стари повеќе од 36 години.
Хеликоптерот МИ-17 има носивост од 4.500 килограми и може да развие максимална брзина од 262 километри на час. Може да пренесе 36 патници или 24 падобранци и 12 ранети. Должината е 18.6 метри и висина од 4.7 метри, максималната тежина при полетување му е 13.000 килограми.