„Русите“ ја спасуваат Македонија од нафтена криза – ќе има ли доволно гориво на бензинските?

benzinska-pumpa

Една недела цистерни со гориво не можат да влезат во земјава и да извршат дотур на нафтени деривати. Триесет цистерни чекаат за влез во земјава на граничните премини, но рампите остануваат спуштени за камионите со гориво.

Евзони кај Гевгелија е затворен за сообраќај поради штрајкот на грчките земјоделци, но проток на цистерни нема ниту на граничниот премин Дојран кој  е во функција како алтернатива, додека за нафтоводот сеуште се чека на зелено светло од владата. Од Октаа велат дека доколку не се најде решение ќе се почуствувата првите знаци на криза со гориво, со оглед на тоа дека количината за велз е 750 илјади килограми дизел.

„Ситуацијата е алармантна, имајќи во предвид дека натоварените камиони, кои остануваат паркирани без да се истоварат, претставуваат небезбедна ситуација.  Доколку нема навремен одговор од релевантните јавни институции, ќе ги почувствуваме првите знаци на криза со гориво во текот на оваа недела. Тоа значи дека е потребно решение веднаш, имајќи ги во предвид постоечките залихи на гориво, како и тоа дека не сме сигурни колку долго ќе трае блокадата.“ – велат од ОКТА.

Од Царинската управа велат дека не е довзолено да се врши изнесување и транзит на нафтени деривати преку Дојран, но упатуваат да се користат граничните премини за Бугарија и тоа Делчево и Ново Село.

„Владата на Република Македонија на предлог на министерот за финансии може да определи одредени видови и минимални количини на стока, заради нивните специфични својства да можат, во врска со царинските постапки, да бидат предмет на постапување само на определени царински органи. За надминување на проблемите со коишто се соочува ОКТА,  треба да се има во предвид можноста за внесување на пратките со нафтени деривати на граничните премини Делчево и Ново Село.“ – велат од Царинска управа.

Окта е клучен увозник на гориво, кој снабдува  дури 70 % од потребите во земјава.

Сепак, грчката рафинерија нема монопол. Нафта во Македонија увезува и  руската Лукоил и тоа една од оние со подобар квалитет. Лукоил нафтата ја увезува преку Бугарија, а таму нема проблем на граничните премини. Оттука, тешко е да се поверува дека Македонија може да влезе во нафтена криза. Лукоил има голем број на бензински и капацитет да ги задоволи потреби за нафтени деривати. 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.