Роналдо: “Јуве е еден од најдобрите клубови, зарем навистина мислите дека плачам што не ја освоив Златната топка?”

Кристијано Роналдо за напуштањето на Реал Мадрид, за тоа дали му недостасува Меси и дали жали што не ја освои Златната топка оваа година.

Ѕвездата на Јувентус во интервју за “Кориеле дело Спорт” одговари дали жали што не ја освои Златната топка оваа година и за тоа зошто го избрал Јувентус ова лето за негов следен предизвик.

“Летово имав неколку опции. Никогаш нема да откријам кои клубови беа во прашање, но Јуве ме сакаше најмногу. Овој клуб има таква традиција што не можев да одбијам. Во последните седум години исто толку пати биле шампиони на Италија, два пати играа во финале на Лигата на шампиони, ја запознав атмосферата на Алијанц стадионот кога гостував со Реал и почувствував дека луѓето ме сакаат. Не можам да кажам дека преминав во најдобриот клуб на светот, затоа што зад мене се 9 години во Реал и тоа не е за споредба, но 100% сум сигурен дека го направив вистинскиот избор”, вели Португалецот.

Во однос на освојувањето на Златната топка, Роналдо вели:

“Сметам дека секоја година заслужувам да ја освојам Златната топка. Напорно работам за тоа признание. Ако не успеам, не е крај на светот. Ја почитувам одлуката на жирито, но на теренот се трудам да ја заслужам, затоа што броевите не лажат. Сепак, не сум несреќен ако не ја освојам. Чекајте луѓе, играм за еден од најдобрите клубови во светот и зарем навистина мислите дека, кога ќе си појдам дома, плачам што не сум ја добил наградата? Лука Модриќ ја засклужи за 2018 година, но следната ќе се сретнеме повторно, а јас ќе направам се’ за да се вратам на подиумот”, додава Роналдо.

Новинарите го прашале дали ќе помогне доколку Јуве стане европски шампион, a Роналдо одговорил:

“Силни сме, но пехарот во Лигата на шампиони не би требало да ни биде опсесија”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.