Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо од секогаш бил познат по неговиот “луд ноќен живот”, но сега успеа да се надмине себе си.
Имено, бразилските медиуми пренесуваат дека Роналдињо одлучил да се ожени во август. И тоа не би било ништо необично, доколку стануваше збор за обична венчавка. Тој се жени со две девојки.
Наводно 38-годипниот Бразилец веќе некое време во својата вила во Рио живее со Присила Коељо и Беатриз Соуза, па се чини дека е луд за двете.
Бигамијата е забранета во Бразил и се казнува со 6 години затвор. Меѓутоа, Роналдињо одлучил да го избегне матичарот и црквата, па сам да си направи венчавка во својата огромна вила. Нивниот брак нема да биде регистриран официјално.