Македонија ги загуби првите два дуели на Европското првенство, но македонските навивачи можат да го кренат шампионскиот пехар, и тоа во пиење.
За 4 дена колку што се присутни во Букурешт, фалангата испила помеѓу 70 и 75.000 литри пиво, пишуваат медиумите во Романија.
Во романската престолнина престојуваа помеѓу 4 и 5.000 Македонци, кои за само 96 часа во пет барови во стариот дел на градот, испиле околу три цистерни пиво.
На некои маси сметките изнесувале помеѓу 4 и 5.000 евра, што навистина делува неверојатно. Романските кафичи од нашите фанови заработиле околу 450.000 евра, пишуваат тамошните медиуми.