Светиот синод на Романската православна црква донесе одлука за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА според томосот издаден од СПЦ на 5 јуни 2022 година.
Според одлуката на Синодот на Романската православна црква, што ја пренесува црковниот сајт orthodoxtimes.com, признавањето е под името „Архиепископија Охридска и на Македонија, со седиште во Скопје“, а поглаварот се именува со „Негово Блаженство, Стефан, Архиепископ Охридски, Скопски и на Македонија“.