Фото/rkprolet.mk
Ракометниот клуб Прилеп вчера одново беше поразен во машката ракометна Супер лига. Овој пат прилепчани беа жPтва на Тинекс Пролет во Скопје, каде загубија со огромни 40:24 (19:13 на полувремето).
Сега РК Прилеп после 18 одиграни кола се наоѓа на претпоследното место на табелата, а под нив е само РК Борец од Велес.
Вардар Јуниор кој до ова коло се наоѓаше под прилепчани, триумфираше со 37:16 над Борец и го презеде 7-то место на табелата.
Се чини дека во клубот ништо се нема променето, па поразите од минатата сезона продолжуваат и оваа година.
Досега во втората полусезона прилепчани катастрофално беа поразени од РК Еурофарм Работник, РК Охрид, Пелистер, а сега и од Тинекс Пролет.
За потсетување актуелните локални власти на чело со градоначалникот Илија Јованоски ветуваа нешто сосема спротивно за спортот во Прилеп.