Ристовски: Пандев, Лазаров и Иџе веќе нема да рекламираат обложувалници и казина

Министерот за спорт, Борко Ристовски на пре-конференција рече дека добил ветување од Горан Пандев, Кирил Лазаров и Игор Стефановски – Иџе дека веќе нема да рекламираат обложувалници и казина.

„Да појаснам дека ние немаме против против ниту една компанија да инвестира во спортот без разлика на нивната дејност, но не сакаме легендите да се истакнуваат во рекламите за обложувалници, казина или за брзи кредити. Нашата забелешка беше во таа насока. Веќе имавме разговори со сите спортисти кои рекламираа вакви фирми и направивме џентлменски договор со нив. Можам да потврдам дека Горан Пандев повеќе нема да ја рекламира обложувалницата што ја рекламираше, истото важи и за Игор Стефановски-Иџе и за Кирил Лазаров, кој веќе некое време престана да го прави тоа. Се надевам дека сите овие личности ќе ги видите од другата страна како промотори на вистинските вредости“, изјави Ристовски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.