Со низа свечености, палење на бадниковите огнови, кршење на лепче со паричка, сервирање на посна вечера, со свечена литургија во Божјите храмови и со многу песни и веселби беше одбележано Христовото раѓање.
Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески Божиќното славење го започна со посета на коледарските огнови во градот и околината. Прилепчани уште еднаш ја покажаа својата традиција за славење на Коледе со палање на големи огнови во своите маала и традиционална посна трпеза.