„Рибари“ со урнебесна парола одговорија на забраните: „Kopона не не плашит, Филипче, Италијанка да те бацит“

Охридските навивачи Рибари со урнебесна парола му одговорија на министерсот за здравство, Венко Филипче, откако во петокот беа продолжени мерките за претпазливост, па спортските натпревари се играат и викендов без гледачи, а тоа ги спречи вчера да ги бодрат своите играчи во езерското дерби со Струга.

Мечот во СЦ „Билјанини Извори“ се одигра пред празни трибини, победи Охрид со 31-24, но незадоволството меѓу навивачите за да не присуствуваат на мечот е огромна, па со парола го „поткачија“ минисерот за здравство.

„Kopона не не плашит, Филипче, Италијанка да те бацит“, е пораката на охридските „Рибари“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.