Речиси сите ја правиме истата грешка: Еве како да постапите со употребеното масло после пржење на храна! Никогаш не правете го ова!

После пржење, маслото го истураме во мијалникот и така правиме голема грешка, затоа што покрај тоа што ги валкаме и запушуваме цевките, ја загадуваме и животната средина.

Постојат неколку начини да се ослободите од еднаш употребеното масло и при тоа да не ја загадите околината, но притоа и повторно безбедно да го употребите за подготвување на храна.

Оставете го маслото да се олади за да го избегнете ризикот да се изгорите додека го претурате. Никогаш не оставајте големи и тешки садови полни со врело масло или да го истурате врелото масло во ѓубре. Оставете го маслото да се олади ако треба и преку ноќта. Ако останало мала количина масло во садот, тогаш впијајте го со хартија и фрлете го во ѓубре.

Ако сакате еднаш искористеното масло одново да го употребите, ставете го во сад со капак, а претходно садот добро измијте го и исушете го. Пластичните тегли се одлични да чување на маслото. Пред повторно да го употребите маслото процедете го. Избегнувајте употреба на исто масло повеќе од два пати.

Маслото на крајот ставете го во пластични кеси и фрлете го во контејнер. Така ќе придонесете за што помало загадување на околината, затоа што само еден литар масло може да загади еден милион литри чиста вода за пиење.

Ова е количина на вода која човекот ја употребува за цели 14 години.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.