Една од најздравите овошки е лимонот, а поради состојките кои ги содржи се употребува во многу рецепти.
Лимонот е одличен за детоксикација на телото, поради што многумина преферираат пиење на лимонада наутро, но всушност, сокот од лимонот не е најдобриот начин да ги извлечете сите состојки од оваа овошка. Најдобра варијанта е смрзнатиот лимон и тоа кога се конзумира заедно со кората, бидејќи токму таа е најздравиот дел од ова тропско овошје. Научниците откриле дека кората од лимонот може значително да го подобри имунитетот, а состојките во неа спречуваат рак, го регулираат холестеролот, лечи од инфекции и ги исфрлаат паразитите и бактериите од телото.
Верувале или не, според истражувањата, лимоновата кора содржи 5 до 10 пати повеќе витамини од самото овошје, а докажано е и дека може да ги уништи ќелиите на ракот на дебелото црево, плуќата и дојките. Бидејќи кората од лимонот е навистина горка, се препорачува лимонот да се замрзне, а потоа заедно со внатрешноста и семките да се сомеле. Така сомелениот лимон додавајте го во чаеви, салати и десерти. Многу важно е претходно лимонот добро да го исчистите од нечистотии и пестициди.